Министерството за економија и труд ја објави листата со неработни денови за 2026 година. На неа може да се види дека мнозинството празници идната година се паѓаат во петок или понеделник, или се пренесуваат од недела во понеделник, па голем дел од празниците ќе ни донесат продолжени викенди.
Во продолжение можете да ја погледнете целата листа:
За сите граѓани на РСМ
• 1 јануари (четврток), Нова година;
• 7 јануари (среда), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;
• 20 март (петок), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам;
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
• 1 мај (петок), Ден на трудот;
• 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј - Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
• 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден;
• 8 септември (вторник), Ден на независноста;
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба;
• 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски.
За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ;
• 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици);
• 10 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден;
• 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден;
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
• 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
• 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 27 мај (среда), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
• 27 јануари (вторник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
• 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик