X
 20.12.2018 Живот

Биби доаѓа на гости во Битола!

Со двочасовна програма што ќе се реализира од 17 до 19 часот во клубот „Порта џез“, в недела (на 23 декември) Биби ќе го претстави нејзиниот свет пред малите битолчани. На настанот наречен „Твоето малку е некому многу“, кој го организира Школата за лидерство и кариерен развој „Политеа“, дечињата ќе можат да се дружат со Биби, ќе има проекција на нејзините сказни, едукативни видеа, ќе биде промовирана новогодишната песничка „Трепкај, трепкај, елкичке“ и уште многу изненадувања за децата.

На настанот ќе учествува и Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, креативниот директор на „Светот на Биби“.
Основна цел на акцијата е да се прибере нерасиплива храна што ќе им биде донирана на семејства на кои им е неопходна. Станува збор за петта акција, а главен организатор е Центарот за европски развој и интеграција.
Хуманоста на дело ќе можат да ја покажат повеќе учесници.

Линк до настанот


- Со оваа акција учесниците на школата добиваат можност да организираат настан преку кој ќе насочат дел од своето време и енергија во помагање на другите и добиваат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Тие учат како да работат во тим и се охрабруваат да бидат генератори на промените во своето опкружување. Дечињата ќе имаат можност да изработуваат новогодишни честитки и украси, во што ќе им помагаат учесниците на ПОЛИТЕА – велат организаторите.

Оваа година во акцијата со свои едукативни работилници ќе се вклучат компанијата „Цилиндо“, која ќе организира работилница за изработка на макети на мебел од пластелин за куќарката на Дедо Мраз, компанијата „Интерворкс“ од Битола, која ќе организира работилница на која дечињата ќе може да видат како работи тимот на програмери на Дедо Мраз.
Во вечерниот музички дел на акцијата ќе настапи Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје со нивниот концерт JazzToVoice под диригентство на Сашо Татарчевски, а по нив ќе следува акустичниот перформанс посветен на Леонард Коен во изведба на Дејан и Игорче.

Настанот ќе трае од 11 до 24 часот.

Во текот на целиот ден ќе биде поставен собирен пункт на кој сите што сакаат да ја поддржат акцијата може да донесат нерасиплива – трајна храна (вакуумирана храна, брашно, масло, шеќер, сувомесни производи, конзервирана храна, новогодишни пакетчиња, која може да се чува и транспортира. Собраната храна со помош на партнерската мрежа на организации на ЦЕРИ кои работат со сoцијално загрозени семејства ќе биде доставена до семејства во Битола.
- Оваа акција е замислена како медиум преку кој битолчани може да ја покажат својата хуманост и благодарение на нивната поддршка и разбирање, изминатите четири години заедно успеавме да дистрибуираме повеќе од четири тони храна и да создадеме насмевки на многу лица. Се надеваме дека и оваа година тие ќе нѐ поддржат и ќе ни помогнат во нашиот напор празниците да бидат радост за сите - велат организаторите.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот