X
 06.02.2020 Култура

Едукативни постери од „Светот на Биби“ за убавините на Македонија, планетите, диносаурусите

Постери од кои децата можат многу да научат за азбуката, за нашата татковина, за вселената, за диносаурусите изработи креативниот тим на „Светот на Биби“. Постерите се во Б2-формат (50 cm x 70 cm). Нетипична и поинтересна карта на Македонија во која за секој град е издвоен понекој интересен белег, по што е значајно местото.



Сончевиот Систем е полесен за учење кога е направен пошарен, позабавен за децата, со објаснувања блиски за нив.
Биби е во мисија да ги научи децата полесно да ги совладуваат и буквите, затоа создадовме и таков постер, кој може да ги краси ѕидовите на детските соби.



Ако сакаат децата да научат повеќе за дајноникус или велосираптур или за некои од најзначајните диносауруси, за нив го подготвивме постерот со диносауруси.
Постерите можете да ги најдете на svetotnabibi.mk, во катчето „Светот на Биби“ (веднаш до ресторанот „Џино“) во Градскиот трговски центар, I кат.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура