X
 17.02.2020 Култура

„Светот на Биби“ од 23 февруари и на МТВ

Омилената Биби и нејзиниот свет од недела (23 февруари) во 19:10 часот „ќе живеат“ и на Македонската радио-телевизија. Секој нареден работен ден (од 19:10 часот) дечињата ќе можат да проследат програма од десетина минути во која ќе другаруваат со Биби, Боби, Зази и пријателите. 


Сите видеосодржини од едукативната анимирана програма „Светот на Биби“, создадена од исклучиво македонска продукција, ќе бидат достапни на вашите ТВ-екрани во ударен термин, веднаш пред ТВ Дневник 2.



- Македонската телевизија со задоволство објавува дека на своите најмлади корисници ќе им го понуди светот на прекрасната Биби. Јавниот сервис има задача да понуди поинаква, универзална, различна содржина. Оттаму дојде идејата во програмската шема да се најдат и „Сказните на Биби“ секој работен ден, пред ТВ Дневник 2 - вели Анета Андонова, уредничка на првиот програмски сервис на МТВ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура