X
 20.12.2021 Образование

МОН одвои 244 милиони денари за модернизација на научните лаборатории и за научноистражувачки проекти

- За три години имаме двојно зголемување на средствата за наука. Имаме и нивна целосна реализација. Само во изминатиот месец преку два јавни повици доделивме речиси 244 милиони денари, од кои 224 за поддршка на лабораториските ресурси со кои располагаат високообразовните и научните установи и 19 милиони денари за реализација на научни проекти од посебен јавен интерес, што ќе ги спроведуваат седумте јавни научни институти во земјата.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска при посетата на Земјоделскиот факултет во Скопје, кој исто така доби средства во висина од 6,5 милиони денари за да ги модернизира просторните услови, но и работата на две лаборатории во состав. Земјоделскиот факултет добил околу 2,5 милиона денари за да инвестира во реконструкција на дел од предавалните и покривната конструкција и околу 4 милиони денари за да ја подобри техничката компетентност и да воведе нови аналитички методи во работењето на две лаборатории.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование