X
 01.04.2026 Живот

Сладок криминал - во Европа исчезна камион со 12 тони чоколадо

Камион со 12 тони чоколадни производи на компанијата „Кит кет“ е украден при транзит низ Европа, соопшти портпарол на фирмата, која е во сопственост на швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“.

Портпаролот изјави дека товарот, во кој имало 413.793 слатки, исчезнал минатата недела додека бил превезуван меѓу производствени и дистрибутивни локации.

- Отсекогаш сме ги охрабрувале луѓето да направат пауза со „Кит кет“. Сепак, се чини дека крадците ја сфатиле пораката премногу буквално и избегале со повеќе од 12 тони од нашето чоколадо - додаде тој.

Портпаролот предупреди дека кражбата може да доведе до недостиг на „Кит кет“ на полиците во пресрет на Велигден.

Украдениот камион тргнал од централниот дел на Италија кон Полска, со план попатно да врши дистрибуција на чоколадото.

Компанијата „Кит кет“ потврди дека сè уште не се пронајдени ниту возачот ниту камионот, но соопшти дека украдената стока може да се следи со скенирање на единствените сериски кодови што се наоѓаат на секое чоколадо.

- Доколку при скенирањето има совпаѓање, уредот автоматски ќе ја извести компанијата дека станува збор за украден производ - се наведува во соопштението.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот