X
 21.01.2024 Живот

Најстарата позната фотографија на светот открива две мистериозни фигури

Денес, фотографирањето е брз и лесен процес. Освен што можеме да фотографираме со дигитални фотоапарати, и нашите телефони имаат камера, па не треба да чекаме долго за да го видиме нашиот портрет.

Но, ако изберете да користите обичен фотоапарат, тогаш процесот може да биде сосема поинаков, па ќе треба да почекате некој ден за да се развијат фотографиите.

Неодамна бил развиен филм од број 1 „кодак“ камера, по 134 години откако била искористена во 1889 година. Овој фотоапарат „кодак“ бил во сопственост на австралиската голферка Евелин Мекензи, на која фотографирањето ѝ било хоби. Слично како фотоапаратите денес, овој модел имал филм за 100 фотографии, но за да се добијат фотографиите, целиот сет на камерата требало да се испрати во „Кодак“ за филмот да биде извлечен и обработен.

fotografija

Дејвид Гарднер, член на Клубот на фотографи колекционери на Велика Британија, го купил фотоапаратот на аукција, па одлучил да го развие филмот. Се поврзал со компанијата „Филм рескју интернешнл“ од Торонто, Канада, каде што можеле да го развијат филмот. Но, ова била напорна и тешка задача, но успеале да извадат еден негатив кој давал малку видлива слика. Грег Милер од „Филм рескју“ вели дека тешкотиите настанале поради тоа што станува збор за најстариот филм некогаш развиен.

На добиената фотографија има две силуети од крајот на 19 век. Модната историчарка Џејн Шримптон верува дека двете фигури се мажи, а едниот носи беретка.

- Се чини дека фотографијата била направена одзади, а на неа се двајца луѓе со опрема. Мислам дека станува збор за тениска опрема или голф-палки - вели Гарднер.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Photographic Collector's Club of Great Britain / David Gardner/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот