X
 22.11.2018 Образование

Најдобрата градба во светот? Бразилско училиште направено од дрво

Шума од колони со евкалиптус во проширен комплекс на училиштето „Кнуана“ во северниот дел на Бразил. Станува збор за Детско село, дизајнирано од младите архитекти од „Алеф Зиро“ и дизајнерот Марсело Розенбаум, овогодишните добитници на меѓународното признание за најдобрата зграда во светот. Мала е веројатноста да му се даде награда на далечно училиште во далечен дел од Бразил, дизајнирано од дуо што е во раните 30-ти години, а кое изградило неколку приватни куќи и неколку инсталации пред да го создаде ова училиште.

- Ги избравме архитектите токму поради тоа што не се такви да мислат дека знаат сѐ - вели Денис Агуар, директор на Фондацијата „Брадеско“, добротворна рака на една од најголемите банки во Бразил, кој првично го изградила училиштето во 70-тите и оперира со 40 слични училишта низ земјата.

- Не знаевме што ни е потребно, но се чини дека дизајнерите го слушнаа она што учениците го сакаат наместо да ги наметнат сопствените идеи - додава тој.

1
Фото: Leonardo Finotti/Rosenbaum Arquitetura 2017


Проектот започнал со интензивен 10-дневен престој на местото и архитектите се сретнале со 540 тинејџери за кои дизајнирале, развивајќи игри и работилници за да можат да разберат како сакаат да живеат учениците. Институцијата е интернат по потреба: служи за оддалечениот земјоделски регион околу општината Формозо до Арагуја, каде што учениците патуваат долго со коњ или по неасфалтирани патишта за да стигнат таму. Изолацијата ја направила конструкцијата вистински предизвик.

- Можевме да ги пренесеме само лесните материјали, така што ги префарбавме елементите на дрвените рамки, но одлучивме дека тешките материјали мора да доаѓаат од самото место. Предизвикот беше да ги убедиме наставниците и учениците дека локалните материјали од земјата, тулите и дрвјата можат да претставуваат напредок - и дека модерното не секогаш значи стакло, челик и климатизација - вели Густаво Утрабо, кој го основал „Алеф Зиро“ со неговиот поранешен соученик Педро Душченс во 2012 година.

2
Фото: Leonardo Finotti/Rosenbaum Arquitetura 2017

За среќа, „Алеф Зиро“ успеа. Комплексот што го изгради е модел на еколошки дизајн со светлосен допир, обезбедувајќи огромен простор, со перфорирани ѕидови што можат да дишат и овозможуваат природна вкрстена вентилација. Воопшто не е потребна климатизација. Единствено на што учениците се пожалиле е дека им било студено навечер, проблем што лесно може да се реши со повеќе ќебиња.

- Главната цел на дизајнот беше да се создаде место во кое учениците ќе се чувствуваат како дома - вели Утрабо.

- Девојките се попријателски настроени едни кон други. Тие ми кажаа дека сега можат да си ги споделуваат тајните бидејќи живеат во удобни групи од шест девојчиња, а не 40, како што беше претходно. Тие уживаат да поминуваат време во нивните соби, додека момчињата го минуваат времето играјќи игри - вели Агуиар.

3
Фото: Leonardo Finotti/Rosenbaum Arquitetura 2017


Утрабо го ревидирал проектот пред неколку недели и открил дека зградите започнале сопствен живот. Девојките почнале да организираат часови по пилатес, за што претходно немале место.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование