X
 02.02.2017 Култура

Олимпијада 2020 - Токио ќе понуди различен вид на медали

медал

Олимписките и параолимписките медали за игри во Токио 2020 година ќе бидат изработени од рециклирани мобилни телефони.

Од Јапонците ќе се бара да ги донираат старите мобилни телефони и малите апарати за домаќинство - кога ќе се собере 2 тони материјал, со рециклирање ќе може да се направат 5.000 медали, со златен, сребрен и бронзен сјај.

„Овој проект им овозможува на Јапонците креативно да учествуваат во изработката на медали. Земјата има ограничени ресурси, а рециклирањето ќе не` натера да размислуваме за животната средина“, изјави Коџи Мурофуши, спортски директор на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Од април низ Јапонија ќе бидат поставени посебни контејнери во кои Јапонците ќе можат да ги остават нивните користени мобилни телефони и стари апарати.

Јапонија е во недостаток од минерални ресурси, така што оваа земја ги увезува. Во мобилните телефони може да се најдат мали колични на ретки метали како литиум, злато, сребро, а од апаратите за домаќинство може да се собере железо, олово и бакар.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура