X
 21.03.2019 Технологија

Паметни камери ќе ја мерат среќата на луѓето во Дубаи

За да ја подобри својата услуга, Агенцијата за патишта и транспорт на Дубаи (РТА) вгради четири памети камери за мерење на среќата на жителите. Камерите се наменети за Центарот за следење на задоволство на потрошувачите на РТА, кој, меѓу другото, е задолжен и за издавање сообраќајни дозволи.

- Со помош на оваа технологија ќе можеме да ги подобриме нашите услуги. Целиот систем ќе работи на принцип на анализирање на фацијалната експресија на потрошувачот, но притоа нема да ги снима фотографиите за да нема нарушување на приватноста - истакна Махер Ширах од РТА.

Новите камери ќе користат систем на вештачка интелигенција, а целосната анализа на податоците ќе ја праќаат до надлежните заедно со предупредување доколку има пад на степенот на задоволство.

Инаку, ќе има можност за правење на дури 30 фотографии во секунда во круг од седум метри. Исто така, системот доаѓа со мемориски простор од 32 мегабајти, систем за контрола на светлото и самообнова на софтверот во случај на дефект.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија