X
 21.03.2023 Култура

Почина Димче Мешковски

Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист, почина на 77-годишна возраст.

Мешковски глумеше во Драмски театар - Скопје. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радиодрами и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Фото: Wikipedia

Издвојуваме

Култура