X
 21.04.2019 Забава

Сите ние сме како овој Црногорец што филозофира за животот во Шведска

Доколку сте го пропуштиле видеото од овој црногорски новинар кој, шетајќи низ улиците на Шведска, објаснува како се живее во таа земја, денес би можело да ви биде уште посмешно отколку што би ви било пред две години, кога всушност е направено.

Снимката денес уште повеќе држи вода. Авторот на видеото, Саша Радовиќ, новинар од Подгорица, иронично раскажува како во земјата во која тој престојува бил измислен динамитот, а Шведска 200 години не била во војна, а зборува и за отпадот и многу други нешта.

Радовиќ го снимил ова видео во текот на посетата на пријател што живее таму. Впивал што пријателот му зборувал за Шведска и на крајот од денот снимал сè.

Тој изјавил дека е новинар со најмала плата во регионот и открил дека по снимката од Стокхолм, на работа имал и непријатност. Погледнете го видеото.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава