X
 21.04.2022 Живот

Просечната нето-плата за февруари изнесува 29.839 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2022 година, во споредба со февруари 2022 година изнесува 106,8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: други услужни дејности (13,2 %), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,1 %) и стручни, научни и технички дејности (11,6 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен (7,5 %), земјоделство, шумарство и рибарство (5,9 %) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,3 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2022 година, изнесува 29.839 денари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот