X
 21.05.2023 Живот

За подобра меморија, доволна може да биде кратка дремка

Доколку мислите дека попладневната дремка само дополнително ќе ве успие, се лажете. Ново истражување покажало дека кратката дремка може да има многубројни поволности за расположението, помнењето и будноста.

До овој заклучок стигнале истражувачи од Националниот универзитет во Сингапур, врз основа на истражување спроведено на 32 лица.

Истражувањето открило дека дремката од само 10 минути може да ја намали поспаноста и да го подобри расположението, додека дремката од 30 минути може да ја подобри и меморијата. Поточно, дремката го подобрува процесот на преземање нови информации и нивното осмислување.

Истражувачите заклучиле дека доколку сакате да не се чувствувате поспани по дремката, се препорачува дремка од само 10 минути. Од друга страна, дремката од 30 минути може да го подобри помнењето, што е корисно при учењето.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот