X
 21.11.2016 Образование

Како да запомните 90 проценти од она што сте го научиле?

Секој од нас посакал да може да учи многу брзо, посебно кога сме мрзеливи и кога чекаме до последниот момент за да започнеме со учење.


60-те години од минатиот век, осмислена е пирамидата на учење на Институтот NTL во Бетхел, а во неа е нагласен начинот на кој луѓето учат нови работи. Интересното истражување покажало дека луѓето се сеќаваат :

-    На 5 % од она што го научиле во текот на предавањата на факултет или во средно училиште
-    10 % од она што го дознале со читање на книги
-    20 % од она што го виделе во мешавината од звуци и визеулни слики, видеа, апликации
-    30 % од она што го виделе преку нечива демонстрација
-    50 % од она што го научиле од групна расправа
-    75 %  од она што го работат и за што учеле
-    90 % од она што го научиле кога подучувале други лица

Ова само докажува дека најмалку учиме од неинтерактивните методи. Она на што би требало да обрнеме внимание е на учењето низ искуство. Ако сакаме да научиме странски јазик, најдобро е да зборуваме со луѓето кои живеат на подрачјето на кој се говори јазикот или ако сакаме да научиме да свириме на инструменти треба да следиме инструкции од некој кој го свири инструментот.

Се поставува прашањето е дали за ефективното учење поважно е времето или парите. Дали всушност се потребни пари за некој да совлада нова вештина и да научи нешто ново? Експертите сметаат дека времето е сепак најважно – бидејќи сите имаме 24 часа во текот на денот. Секоја минута е скапоцена, а времето не може да се сопре. Како најдобро да го искористиме времето за учење и напредок? Потребно е луѓето да обрнат внимание на ефективноста во учењето. Алтернативните методи се проверено најдобри бидејќи полесно можеме да запомниме нешто ако гледаме 15-минутно видео на YouTube отколку да слушаме предавање од некој професор на факултет во времетраење од два часа. Важно е да се знае дека од сопственото ограничено време можеме да го извлечеме максимумот и да донесеме решение кое ќе ни пружи подобро учење. Кога ќе сфатиме како секојдневно да запомнуваме што повеќе нови информации, нема да треба да трошиме време на потсетување на старите информации. Најдобро помниме кога им објаснуваме на други и учествуваме во расправа. Според пирамидата, тоа е најефикасниот начин кој ни помага да запомниме 90 % од работите кои сме ги учеле.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование