X
 21.06.2018 Живот

„Гугл“ е магнет за најдобрите студенти

Петта година по ред „Гугл“ е компанијата број еден во која сакаат да работат студентите од водечките универзитети. Ова го покажуваат новите податоци од испитување направено од страна на компанијата за образовни софтвери „Пјаца“. Испитувањето било направено меѓу 150.000 студенти од повеќе од 600 универзитети во Северна Америка, вклучително и Стенфорд, Харвард и МИТ, а се однесувало на тоа каде најмногу сакаат да работат студентите.

Вработувањето во „Гугл“ не е лесно. Често се вели дека е полесно да се влезе на „Харвард“ отколку во „Гугл“. Навистина, компанијата е озлогласена поради интензивниот процес на аплицирање и минувањето на кандидатите низ неколку ригорозни рунди на интервјуа бидејќи од компанијата сакаат да го испитаат најдоброто меѓу најдобрите.

Еве што го прави „Гугл“ толку привлечен.

Претставува јасна мисија

- Студентите имаат многу јасна идеја што би работеле во „Гугл“. Тие знаат какво влијание ќе имаат. Мисијата на организацијата е магнет за привлекување таленти - вели потпретседателот за односи со клиентите од „Пјаца“, Шон Сели.

Брендот ги привлекува младите луѓе

„Гугл“ постои 20 години. Со години компанијата го одржа своето шарено, оригинално брендирање кое го издржа тестот на времето и продолжи да привлекува потенцијални работници.

- За другите компании е предизвик да се натпреваруваат со тоа. Некои од постарите компании не ги дефинираат јасно своите брендови и она што го гледаме е дека присуството на јасен бренд е навистина важно кога сакате да ги заинтересирате луѓето да работат за вас - вели Сели.

Фото: Business Insider

Работата за „Гугл“ е повеќе од обична работа

Денешните дипломци бараат кариери кои збогатуваат и на професионален и на личен план, смета Сели. Според него, мисијата на „Гугл“ предизвикува интерес кај милениумците, кои се поидеалистични кога станува збор за избирање на нивната кариера.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот