X
 21.06.2023 Живот

Давате 100 евра и станувате косопственик на супермаркет

Онлајн супермаркетот „Мајенсо“ планира да отвори до 700 мини-супермаркети во малите заедници во Германија.

Уникатност кај овие супермаркети е кооперативниот модел, бидејќи клиентите се и акционери на супермаркетот и самите можат да одлучуваат за асортиманот на производи.

За да се отвори нова експозитура, најмалку 300 граѓани на соодветната локација треба да дадат придонес до 100 евра.

Вака треба да функционира почетното финансирање. На долг рок, „Мајенсо“ сака да го искористи ова за да ги реши недостатоците во снабдувањето во руралните области.

Професорот Стефан Русен проценува дека има до 8.000 недоволно опслужени области во Германија кои би имале корист од концептот како овој. Граѓаните потоа повторно имаат домашен добавувач.

- Концептот на соработка има смисла затоа што може да се добие и емотивната посветеност на граѓаните. Граѓаните тогаш продавницата ја гледаат како „своја“ продавница - вели професорот.

Има уште една особеност. „Мајенсо“ е паметна продавница со концепт 24/7. Тоа значи дека продавниците генерално работат без касиери, се отворени 24 часа на ден и се наоѓаат на релативно мала област.

За да можат да купат млеко, колбаси и други намирници надвор од работното време, клиентите мора прво да се регистрираат онлајн или во продавница и да добијат картичка за клиенти. Ова им овозможува да влезат во продавницата во секое време и да платат во исто време, исто како во филијала на банка. Корисничката картичка може да се надополни со која било сума на пари.

Паметните продавници „Мајенсо“ имаат за цел да го намалат долгото време на чекање на касите и да им помогнат на трговците да се справат со зголемениот недостиг на персонал.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот