X
 21.07.2022 Живот

Куќата од култниот филм „Кум“ може да се изнајми на „Ербиенби“

Иако има голем број поранешни домови на славни личности што можете да ги изнајмите на „Ербиенби“, мал дел од нив можат да дозволат да влезете на сетот на култниот класичен филм, а замислете да поминете 30 дена во куќата на култниот филм „Кум“.

1

Домот на Статен Ајленд, чија надворешност веднаш се препознава од класиката во 1972 година, сега е достапен за изнајмување за август. Така што, ако некогаш сте сакале да живеете како Дон Вито Корлеоне, сега е вашата шанса.

2

Изграден во 1930 година, имотот од 580 квадратни метри претрпел големи реновирања откако бил дел од „Кум“. Домот со пет спални соби и седум бањи може да се пофали со голем базен, паб во подрумот, соба за игри и просторија за вежбање.

3

Гостите ќе имаат приватен пристап до резиденцијата, која е само на кратко возење со ферибот од Менхетн или е лесно достапна од Њу Џерси и Бруклин преку мостот. Моментално се изнајмува за 50 долари од ноќ, но изнајмувањето е достапно само доколку престојувате подолго од 30 ноќи.

4

Резервациите можат да се направат преку „Ербиенби“.

Извор: Housebeautiful.com
Фотографии: Marc Mcandrews
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот