X
 21.07.2023 Живот

„Мекдоналдс“ плати 800.000 долари отштета за изгореница од детски „Хепи мил“

Судот на Флорида (САД) пресуди дека „Мекдоналдс“ мора да му плати отштета од 800.000 долари на осумгодишно девојче откако се здобило со тешки изгореници кога парче пилешко од посебниот „Хепи мил“ (среќен оброк) ѝ паднало на ногата.

Несреќата се случила во 2019 година, кога тогаш четиригодишната Оливија Карабало го отворила својот оброк во автомобил во возење. Нејзиното семејство бараше отштета од 15 милиони долари, а судот во мај утврди дека „Мекдоналдс“ е одговорен за повредата на девојчето. Беше покажано и дека девојчето има лузна од изгореницата, како и фотографии од „нејзиното врескање во тој миг“ и дека тужителите сакаат тоа да исчезне, т.е. да се отстрани белегот.

Адвокатскиот тим на семејството изјави дека оваа одлука е значајна.

- Среќна сум што судот го слушна гласот на Оливија и што поротата успеа да донесе правична пресуда - изјави мајката на девојчето, Филана Холмс.

Адвокатите на „Мекдоналдс“ тврдеа дека семејството треба да добие 156.000 долари бидејќи, како што велат, девојчето имало болки „само три недели“, по што раната му зараснала и сè уште оди во нивните ресторани.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот