X
 21.10.2019 Наука

Некои бури се толку силни што го тресат океанското дно

Лесно е да се види влијанието на бурите на копното. Но, според нова студија, големите бури можат да го потресат и океанското дно, предизвикувајќи „буротреси“, претходно непознат феномен кој решава сеизмичка мистерија.

Уште пред оваа студија научниците знаеја дека океанот произведува сеизмички сигнали. Но, додека некои од тие сигнали можеа да се објаснат со океанските бранови, имаше некои што се случуваа на фреквенција меѓу 0,02 и 0,05 херци, кои изгледаа необјасниви.

Токму тие сигнали биле метата на истражувачите од САД кои стојат зад новата студија што беше објавена во списанието „Џиофизикал рисрч летрс“. По анализирање сеизмички податоци за речиси десет години истражувачите забележале чудна шема.

- Сигналите беа сезонски. Земјотресите немаат сезони, но времето има - истакнува истражувачот Венјуан Фан.

Тоа го довело тимот до откритието дека тресењата на океанското дно се совпаѓаат со беснеењето на бурите над него.

Сепак, само бура не е доволно за да се предизвика „буротрес“ - морското дно под бурата мора да има и соодветна форма.

- Има нешто со формата - или батиметријата - на морското дно, која е во интеракција со овие големи океански бранови што се создаваат при бурите. Добивате некој вид ослободување на енергија кое тресе на морското дно на одреден начин и тие бранови се движат во сите насоки како поврзани пакети кои тогаш можеме да ги детектираме користејќи сеизмометри - објаснува истражувачката Венди Бохон.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука