X
 21.10.2025 Живот

Град во Кина постави Гинисов рекорд со огнометско шоу направено од 16.000 дронови

На 17 октомври, во градот Лиујанг, во централната кинеска провинција Хунан, речиси 16.000 дронови создадоа импресивна слика од високо дрво и огромен цвет на ноќното небо, за време на спектакуларно шоу.

Шоуто го следеа милиони луѓе, и во живо и преку интернет. Лиујанг, познат како главниот град на кинеските огномети, секоја сабота привлекува огромни толпи со своите креативни и иновативни пиротехнички настапи.

Настанот се смета за „љубовно писмо од светлина“ што Лиујанг му го испраќа на светот - симбол на романтика и инспирација што ѝ припаѓа на секоја личност.

Извор: News.ctgn.com
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот