X
 22.01.2019 Економија

Колку изнесуваат платите според професиите во Германија?

Ако сакате да работите во Германија, најдобро ќе поминете ако сте доктор по стоматологија бидејќи тие таму заработуваат 117.000 евра бруто годишно, додека „обичните“ доктори заработуваат 78.000, а менаџерите на финансиски фондови околу 75.000 евра.

Но, повеќето Балканци во Германија сепак ги работат помалку платените професии. Собарките во хотелите, на пример, годишно заработуваат 19.000 евра, додека чистачките во угостителството имаат илјада евра повеќе.

Платата на фризерот е 21.000 евра годишно, на келнерот 22.000 евра, а на операторите во кол-центрите 24.000 евра, а толку заработуваат и работниците на благајните или на рецепција.

profesii
Фото: PIXSELL


Готвачите годишно заработуваат 25.000 евра, забниот техничар 26.000 евра, а возач на камион 27.000 евра годишно.

Германскиот весник „Велт“ направи листа со професии кои не се можни без странците. Во месната индустрија дури 40 отсто од вработените се странци. Во секторот за производство на живини производи 37 отсто се странци, додека во бетонската индустрија се вработени околу 34 отсто од странците. Во секторот за чистење и хигиена работат околу 30 отсто странци, колку што има и во угостителството и во кујните во угостителските објекти. Меѓу земјоделците 29 отсто се странци, а толку има и во градежништво. Околу 25 отсто од странците работат во хотелиерството, 23 отсто работат во складиштата, а 20 отсто се работници што работат во металургијата.

Што се однесува до постојано вработените во Германија, повеќето се од земјите-членки на ЕУ. Околу 400.000 се Полјаци, 310.000 Романци, 260.000 Италијанци и 164.000 Хрвати.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија