X
 22.03.2020 Живот

Прекрасни работи што ги имаме дури и за време на изолација

Многу работи што ги земаме здраво за готово сега не ни се достапни.

Но, важно е да се фокусираме на добрите работи што ги имаме во моментов, и покрај тоа што сме принудени да се изолираме и да не ги напуштаме домовите без потреба.


Семејство и пријатели

Можеби звучи како клише, но сега е најдобриот момент да им покажете на најблиските колку ви значат. Секако, реалноста е дека не можете да бидете физички блиску до некои луѓе, но благодарение на технологијата, денес е лесно да се задржи контактот и со оние што се на другата страна од планетата.


Фото: Pixabay

Читање

Веројатно сите имаме неколку книги што седат на масата покрај креветот и чекаат да ги прочитаме, но тоа го одложуваме. Сега конечно имате време и немате изговор да не ги прочитате. Со читањето може да „патувате“ во друг свет - таков во кој нема изолација.

Вежбање

Без разлика дали го сакате или не, вежбањето претставува активност која може да ја практикувате додека сте дома. Најдете вежби на интернет и почнете.


Фото: Pixabay

Креативност

На креативноста ѝ нема граници, без разлика дали сте заглавени дома или не. Впрочем, многу креативци уживаат во овие моменти бидејќи имаат време да се посветат на некое хоби или уметност.

Домашни миленици

Оние што имаат домашни миленици знаат дека не треба да им се посочи да поминуваат време со нив. Засега нема доказ дека кучињата може да го пренесуваат коронавирусот.


Фото: Pixabay

Спомени

Потсетувањето на минатото може да ве растажи и да ве насмее. Во секој случај, гледањето стари фотографии е одличен начин да го поминете времето додека сте затворени дома.

Време за вас

Деновиве имате и повеќе од доволно време за да си посветите еден час или два само за вас. Тоа може да биде разубавување, гледање филм кој само вие го сакате или читање списание.

Великодушност

Лесно е да се чувствувате беспомошни во овие времиња, но ова е период кога најпотребна е великодушноста. Може да им помогнете на старите соседи во купувањето намирници или да волонтирате за некоја хумана цел.

Музика

Како што научивме од Италијанците кои пееја на своите балкони, ќе треба повеќе од пандемија за да исчезне музиката.

Готвење

Доколку се чувствувате здраво, може да готвите и да им го разубавите денот на оние што се затворени со вас.

Автор: Меган Џоунс
Извор: rd.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот