X
 27.12.2016 Здравје

Како да се биде емоционално интелигентен без разлика на сѐ


Момче со качулка седи на скали

Луѓето не се роботи, но се чини дека се стремат кон тоа. Постојано бараме нешто со кое ќе можеме да се претвориме во совршен автомат. Tоа никогаш нема да се случи.

Ние сме живи битија со свои емоции. Честопати добиваме совети да ги потиснеме емоциите, но таквите совети не се добри. Подобро е да научиме како да ги сфатиме нашите чувства. Тогаш би можеле да носиме подобри одлуки во животот.

Срам

Кога нема да постигнеме некоја цел или нема да достигнеме одреден стандард, чувствуваме срам. Можеби се работи за нешто кое пред нас е поставено од страна на општеството, семејството или пријателите... Не е важно.

Каде е проблемот во овој случај? Не зборуваме за срамот, а би требало. Кажете им на дугите кога ќе се почувствувате засрамено и слушајте ги повратните информации.

Срамот се доведува во корелација со чувството на самовреднување. За да се изборите со срамот, разделете го чувството на себевреднување како личност од она како другите ве перцепираат.

Чувство на вина

Чувството на вина и срамот се најдобри другари, но меѓу нив постои голема разлика. Кога стравот вели „Јас сум лош“, вината вели „Направив нешто лошо“.

Вината не значи дека сте лоша личност, таа означува дека сте направиле некаква грешка. Извинување, втора прилика или ситен подарок, можеби е она што треба да направите за да ја спасите ситуацијата.

Страв

Постојат два вида на страв. Оној што се јавува кога забележувате дека кон вас трча некое диво животно, но тука е и она чувство кое самите го создаваме, како на пример, кога треба да зборуваме пред јавност.
Првиот страв е важен – треба да се плашите од диво животно, бидејќи на тој начин можете да избегнете опасност.

Но, вториот страв е штетен. Предизвикува анксиозност, го зголемува стресот и ја намалува нашата способност да носиме трезвени одлуки. Ако размислувате и се концентрирате на таквиот страв, можете да предизвикате последици какви што сакате да избегнете. Следниот пат кога ќе почувствувате таков страв, анализирајте ги вашите чувства. Дале сте во вистинска опасност? Не сте? Тогаш, стравот и не е најдобрата емоција. Вдишете длабоко и живејте го животот чекор по чекор.

Изолација

Ние сме социјални суштества, дури и интровертните личности што се меѓу нас. Кога предолго време сме без интеракција, тоа го чувствуваме исто како и која било болест. Технологијата дополнително ги влоши работите. Смартфоните нудат само илузија дека со некого се дружиме.

Проблемите се јавуваат кога ќе поминат недели или месеци без да се почувствуваме дека сме поврзани со некого. Изолацијата е закана што може да биде прикриена од други емоции, но има реални ефекти врз нашето здравје.

За да се бориме против осаменоста, не смееме да мислиме само на себе. Внимавајте на другите лица, разговарајте со некој кој седи сам на забава, кажете му некој убав збор. Само неколку зборови некогаш се доволни да нè потсетат дека не сме сами.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје