X
 22.05.2019 Спорт

Организаторите на „Ролан Гарос“ нема да воведат кодекс на облекување

Директорот на тенискиот гренд-слем „Ролан Гарос“, Ги Форже, соопшти дека организаторите на турнирот нема да воведат кодекс на облекување по необичниот костим на Американката Серена Вилијамс на минатогодишното издание.

- Денес, производителите почнуваат да ни презентираат облека во разни бои кои ќе ги носат играчите. Ние немаме намера да забраниме ништо - рекол Форже за „Европа 1“.

Претходно претседателот на Француската тениска федерација, Бернард Гидичели, рече дека организаторите ќе воведат построг кодекс за облекување и нагласи дека нема да дозволат костим како оној во кој Вилијамс ја одиграла таа година.

Американската тенисерка лани настапи во црн костим цврсто прилепен до телото предизвикувајќи многу реакции во јавноста.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт