X
 22.06.2017 Наука

Што испратил Карл Саган во вселената во 1977 година за вонземјаните да ја разберат човековата цивилизација?

Во 1977 година, кога се лансирале „Voyager 1“ и „Voyager 2“, тим кој работел под водство на Карл Саган, ја создал плочата „Golden Records“, која содржела колекција од звуци и слики, која најверојатно ќе ги надживее сите човечки артефакти на Земјата.

За една година, Саган и неговиот тим собрале 116 слики и дијаграми, природни звуци, аудио поздравувања на 55 јазици, печатени пораки и музичка селекција од светот – работи кои би се презентирале како есенцијалност на човечката цивилизација, при комуникација со вонземјани. Сликите се поставени во црно бела верзија, а аудиото е поставено на површината на плочата. Застапени се некои класични дела, музика од племиња и различни народи, Битлси, звуци од китови и друго.

Меѓу другото, застапена е и пораката од тогашниот претседател на САД, Џими Картер, кој рекол: „Ние сме заедница од 240 милиони луѓе меѓу останатите 4 билиони суштества кои живеат на планетата Земја. Ние, луѓето сме поделени на држави и нации, но овие држави брзо се трансформираат во една глобална цивилизација“.

„Voyagers“ не биле првите пробни летала испратени во вселената. „Pioneer 10“ и „ Pioneer 11“ биле лансирани во 1972 и 1973, а содржеле плакети од алуминиум изработени од Сага, со неколку едноставни пораки. Од тога, НАСА изгубила контакт и со двете летала, но во 2006 агенцијата го лансираше пробното летало „New Horizons“, кое помина до Плутон во 2015 и се очекува да стигне до меѓуѕвездениот простор во следните 30 години.

Пораките кои би можеле да се испратат сега можат да содржат било што. Можете да го посетите сајтот на ваквиот проект и да потпишете петиција, да донирате и да размислите што би сакале вонземјанската цивилизација да слушне, види и да разбере за човештвото во 2017?

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука