X
 22.07.2016 Живот

Еден знак кој ве издава дека сте голем нарцис

Зависни сте од социјалните мрежи? Не можете да престанете да ги броите лајковите од вашите слики и статуси кои ги објавувате редовно

За жал, според новото истражување, вие сте „нарцис“. Ова истражување се врши во споредба помеѓу колку објавуваме на социјалните мрежи и како се чувствуваме за себеси. На 540 студенти од Европа им биле поставени неколку прашања да одредат три работи: нивното ниво на нарцизам, нивното ниво на чувствителност и нивната редовност во објавување на социјалните мрежи.

Нивните резултати покажале два вида на нарциси - грандиозни и ранети. Грандиозните се објаснети како премногу самоуверени до степен на ароганција. Тие имаат висок степен на самоувереност и бараат почит и восхитување кои сметаат дека го заслужуваат.

Ранети нарцисти се спротивното - тие имаат ниска самоувереност, срамежливи се и се хиперсензитивни на критицизам. Сепак ранетите се оние кои почесто објавуваат за да го хранат егото, бидејќи им дозволува начин на покажување на себеси во позитивно светло кое не се случува лице в лице.

Поради тоа, социјалните мрежи даваат идеална околина за постигнување нарцистички цели бидејќи даваат поголема контрола на презентацијата на себеси, и можност да достигнете до поголема публика. Како и да е, сите ние објавуваме слики кога сме во некоја дискотека или ресторан, кога изгледаме прекрасно и покажуваме дека ни е позабавно отколку што навистина е.

Истражувањето вели дека ова однесување на ранетите нарцисти може само да им предизвика поголема поврзаност со депресија и анкциозност. Со други зборови, ако вие сте тип на човек кој константно објавува на социјални мрежи за себеси, вие најверојатно имате слаба самодоверба и сте почувствителни на критицизам.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот