X
 22.08.2025 Живот

Најопуштеното место во Шведска: Во овој град заборавете на гардероба, бањарката е сѐ што ви треба

Замислете место каде што е сосема нормално да одите на појадок во бањарка. Не, не во хотел, туку во локалната продавница, кај соседот на кафе или дури и во кафуле. Добре дојдовте во Тореков, живописен град на југот на Шведска каде што, верувале или не, бањарката станала моден и културен симбол.

Ова не е моментална мода, ниту локална шега. Во Тореков жителите и посетителите слободно се шетаат во бањарки, особено наутро, но никој нема чудно да ве погледне ни ако во такво издание се појавите и попладне, па дури и во супермаркет.

Зошто бањарка?


Овој необичен обичај има смисла ако го погледнете целокупниот стил на живот во ова место. Тореков се наоѓа на западниот брег на регионот Сконе, опкружен со море, карпи и песочни плажи. Наутро е вообичаено директно од кревет да се оди на кратко капење во морето и наместо да се пресоблекувате, едноставно облекувате бањарка.

@freja.settergren

My favourite town tradition😌

♬ Knockin' On Heaven's Door - Bob Dylan
Мештаните велат дека чувството на слобода е незаменливо. Нема брзање. Тука животот тече во свој ритам. Бањарката не е знак на мрзливост, туку дека сте дел од заедница која цени опуштеност и уживање во малите нешта.

Овој мал приморски град, со стари куќи, живописни градини и тивки улички, нуди вистински одмор за душата. Нема преполни туристички патеки, гламурозни ресторани со строги правила за облекување, ниту стрес од современиот урбан живот.

Наутро можете да одите до брегот, да се искапете, да седнете во кафуле во бањарка и да уживате во мирниот поглед кон морето. Напладне можете да прошетате низ селото, да одите во рибарница, да пиете вино во дворот. 

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/Tik-tok
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот