X
 22.10.2019 Технологија

MaxTV - телевизија број 1, прославуваме и подаруваме

Семејството на најдобрата интерактивна телевизија во Македонија континуирано расте и се зголемувa. Вкупно 135.000 семејства во Македонија ja одбраа MaxTV, со што потврдуваат дека е најпосакуваната телевизија во земјата. Оваа револуционерна услуга од самото воведување постави нови стандарди на ТВ-пазарот, а низ годините „Македонски телеком“ постојано ја унапредуваше и ја подобруваше, согласно потребите и барањата на корисниците. Затоа, денес дури 40 отсто од семејствата ја преферираат MaxTV и е нивниот избор број 1.

„Македонски телеком“ бележи голем успех со дигиталната телевизија благодарение на корисниците што ги препознаа квалитетот, ексклузивните содржини, неограничените можности за интеракција, како и уникатното ТВ-искуство што го овозможува MaxTV. Телеком го прославува овој успех обезбедувајќи им промотивни услуги за корисниците. Почнувајќи од денеска, корисниците можат да активираат HBO и Sport HD пакет, како и дополнителни 10 GB мобилен интернет, без надомест.

Сите приватни корисници на MaxTV можат да ги активираат HBO и Sport HD промотивните пакети преку апликацијата Telekom MK и да уживаат во ексклузивните филмски и спортски содржини бесплатно до средината на јануари, следната година.
Промотивниот месечен мобилен интернет од 10 GB е без надомест. Достапен е за сите приватни постпејд-корисници, како и за деловните корисници на Magenta 1 Business и Business тарифните модели. Приватните постпејд-корисници можат да го активираат само преку мобилната апликација Telekom MK, а деловните корисници со јавување на 120, во промотивниот период, заклучно со 31.12.2019. Промотивниот интернет е со важност од 30 дена од активирањето.

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија