X
 22.11.2022 Живот

Teleperformance - глобалниот лидер, слави трета година на пазарот во Македонија

Ако зборувате германски јазик, веќе сигурно имате слушнато за Teleperformance. Станува збор за глобална компанија со претставништво во Скопје која масовно регрутира познавачи на германскиот јазик, а да се работи може и од дома. Повеќе за компанијата, работните места и условите за работа ни открива Надица Ставрова – ЧР бизнис-партнер во Teleperformance Македонија.

Teleperformance е глобална компанија за кориснички услуги за која првпат слушнавме пред 3 години кога го отвори своето ново претставништво во Скопје. Кажете ни нешто повеќе за компанијата?

Teleperformance е најголемата глобална компанија за кориснички услуги, препознатлива по заложбите и посветеноста на обезбедување најдобри услови за работа на своите вработени. Teleperformance е местото каде што повеќе од 420 илјади вработени низ светот имаат професионален ангажман во 170 земји на 265 јазици. Teleperformance Македонија веќе трета година е на нашиот пазар, и по трет пат е прогласена за „Најдоброто место за работа од дома“, со највисок индекс на доверба и задоволство на вработените. По успешното достигнување на Great place to Work во јули, ние успеавме да го потврдиме задоволството на вработените преку глобалниот Еsat програм и да бидеме повторно светски лидер. Нашите вработени докажаа уште еднаш оваа година дека ги препознаваат и уживаат во програмите и бенефитите во компанијата.

Вашата компанија работи за едни од најпрестижните брендови во светот, а во Македонија веќе имате речиси 500 вработени. Кажете ни што конкретно работат вашите вработени?

Да, мораме да признаеме дека во Teleperformance имаме едни од најпрестижните брендови во светот, кои исто така ги докажуваат нашите високи стандарди за работна и професионална средина. Секој еден вработен кој би го поминал процесот на селекција станува дел од нашиот тим, започнува со обука, која е дел од неговиот професионален договор со цел да се спреми и да ги осознае потребите на позицијата. По обуката имаат фаза на адаптација, па продолжува по 4-6 недели да работи самостојно во зависност од проектот. Вработениот помага или го советува лицето што ќе се јави и има потреба од решавање на некоја настаната состојба.



Кои услови треба да ги исполнат кандидатите за да станат дел од глобалното семејство на Teleperformance?

Заинтересираните кандидати треба да исполнат еден и единствен услов, а тоа е добро познавање на германскиот јазик или другите јазици за кои имаме отворени работни позиции. Сето друго се учи преку програмата за обука на нови вработени, која започнува од првиот ден и има цел да ги подготви кандидатите за самостојна работа. Teleperformance е идеална можност за кандидатите што го зборуваат некој од јазиците за кои имаме потреба, бидејќи тука имаат шанса да добијат стабилна и добро платена работа, многу дополнителни бенефити и програми за благосостојба и грижа на вработените.



Што е со кандидатите што немаат работно искуство, а одлично го зборуваат германскиот јазик?


Работното искуство не е клучен параметар за да бидете дел од Teleperformance бидејќи ние како компанија имаме одредени услови, а тоа се познавањето на јазикот за кој во моментов имаме отворено работни места, на пример, германски јазик, познавање и можност за работа со компјутер.
Доколку ги исполнувате минималните барања, компанијата обезбедува комплетна обука и подготовка на вработениот за самостојно работење. Без разлика на вашата формална едукација, ние нудиме можност за кариера и понатамошен напредок почнувајќи од позицијата агент за корисничка поддршка, супервизор, па до проект-менаџер. Сѐ што треба е да се следат програмите за развој, да се пријави секој кандидат според сопствената визија и да добие една од отворените лидерски позиции локално, регионално, па и глобално.



Дали навистина постои можност за работа од дома и што е тоа што компанијата го обезбедува?

Ние континуирано нудиме можност за работа од дома или од нашите простории. Сѐ зависи од кандидатот и неговите желби и потреби. Доколку работите од дома, компанијата обезбедува целосна опрема за работа, обука за работната позиција и вработување со договор за работа и платени придонеси.

Кои други бенефити им ги нудите на вашите вработени и зошто Teleperformance е атрактивно работно место?

Од бенефитите морам да напоменам дека освен атрактивната плата, бонуси, регрес, имаме најразлични програми и настани за ангажирање на вработените, тим-билдинг и развој. Програма за добросостојба на вработените, препорачај пријател, спорт и спортски активности, како пилатес, јога, фудбал, часови по готвење и сл. Голем број активности и натпревари на локално, регионално и на глобално ниво.



Која е вашата порака до кандидатите што го зборуваат германскиот јазик?


Доколку зборувате германски јазик и сакате да работите од канцеларија или од дома – од  каде било во Македонија – аплицирајте онлајн на www.TPSkopje.com и нашиот тим ќе ве контактира. Ако вашето ниво на германски јазик е на задоволително ниво, уште веднаш ќе добиете понуда за вработување во Teleperformance!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот