X
 23.02.2021 Наука

Научниците клонирале куна користејќи гени стари 30 години

Првпат научниците клонирале организам што е прогласен за загрозен вид, барем во САД. Станува збор за вид црноножна куна наречена Елизабет Ен, која била родена на 10 декември. Клонирањето на куната покажува дека би можеле да клонираме животни што се изложени на голем ризик од изумирање.

Технологијата за клонирање не е нова, но таа постојано се надградува и станува алатка за научниците кои се занимаваат со зачувување на животинските видови. За клонирање на Елизабет Ен, научниците искористиле гени од куна што починала пред 30 години.

Клонираната куна се однесува како диво животно и би можела да преживее надвор од лабораторијата, пренесува „Фјучуризам“.



Научниците работеле седум години на процесот на клонирање на куната, која се сметала за речиси изумрена до почетокот на 80-тите години и е на американската листа со загрозени видови. Меѓутоа, клонирањето можеби нема да успее целосно да ги спаси црноножните куни бидејќи нивните гени ги прават подложни на болести.


Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука