X
 23.04.2019 Култура

Кинеска претстава за крај на „Танц фест“

Претставата „Секвенци -Минато/Сегашност/Иднина“ на танцова група од Ханџо, Кина, во кореографија на Рисима Рисимкин вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе го затвори 15. издание на фестивалот „Танц фест“.
Во претставата учествуваат 15 млади танчари. Музиката е на Тони Китановски, а костимите на кинеската костимографка Бинг Шјиангзи.



- Секвенци е приказ на идејата за физичкото тело, поставено во различни временски рамки. Преку интерактивна соработка со танчарите создадовме слики за минатото, денешнината и иднината – вели Рисимкин.
Програмата на јубилејното издание на „Танц фест“ беше посветена на младите и на домашните достигнувања.
На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени и дипломи за младите уметници што учествуваа годинава, во три категории - музика: Мартин Тренески, Дино Хридџиќ, Благојче Стојчевски, современ танц: Викторија Коцева, Антонија Димитиревска, Јоана Балгадуша, Ангела Михова, Јана Костоска, Јана Бунгурова, Клара Христовска, Стела Поповска и од визуелни уметности: Милена Миленкоска и Александра Јанкоска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура