X
 23.05.2019 Живот

Германски полицаец одлично се справил со сеирџиите по сообраќајна несреќа

Германски полицаец одлично се снашол во ситуација кога по фатална сообраќајна несреќа, останатите возачи и учесници во сообраќајот ја снимале и сликале несреќата.

- Сакаш да ја видиш мртвата личност? Фотографии? Дојди! Еве го, тука лежи. Сакаш да го видиш? Не? Тогаш зошто фотографираш? Ако сакаш, можеш да му кажеш „здраво“. Срам да ти е! Ова што го правиш воопшто не е добро! - му вели полицаецот на еден од возачите.

- Погледни го! Погледни! Од Унгарија е. Не сакаш да го видиш? Тогаш зошто фотографираш? Ете, можеш да го погледнеш! Доаѓа од твојата земја! - му вели на друг.

Откако видеото се појави на социјалните мрежи, многу луѓе го поддржаа полицаецот, велејќи дека постапил правилно. Полицаецот доби пофалби и од министерот за внатрешни работи Јоахим Херман.

- Однесувањето на многу возачи е ужасно и неодговорно. Мило ми е што полицаецот изреагира на таков начин - напиша Херман на неговиот фејсбук-профил.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот