X
 23.05.2021 Живот

Правилото „30 дена“ може да ви зачува половина плата

Заштедувањето пари не е лесно, особено ако имате ограничен приход и големи фиксни трошоци. Но, понекогаш навистина трошиме повеќе отколку што треба, односно на работи за кои подоцна се каеме.

Без разлика дали се обидувате да заштедите за домот, патување, образование или за „црни денови“, одвојувањето дел од вашата плата секој месец може да биде голем предизвик.

Но, постои метода наречена „30 дена“ што може да биде потенцијално решение. Правилото за заштеда од 30 дена е едноставна стратегија што може да ви помогне да го намалите импулсивното трошење и да ја зголемите заштедата. Еве како функционира.

Следниот пат кога ќе се „фатите“ себеси како размислувате за импулсивно купување или едноставно купување на нешто што не ви треба (читајте: не ви е неопходно), излезете од продавницата или од онлајн-продавницата (со затворање на прозорецот на компјутерот).

Следејќи го правилото за заштеда од 30 дена, ги одложувате сите непотребни купувања за 30 дена. Наместо да трошите пари на нешто што можеби не ви треба, имате еден месец да размислите за тоа. На крајот од тој период, ако сепак сакате да го купите нештото, слободно купете го.

Алтернативно, ако целосно заборавите на купувањето на тој производ или ако одлучите дека не вреди за вашите пари, ова ви се дополнителни пари во џебот што можете да ги оставите настрана. Ако сето ова звучи премногу добро за да биде вистина, размислете уште еднаш.

Она што го прави посебно правилото за заштеда од 30 дена е неговата едноставност. Со тоа што мора да чекате за некои неважни купувања, ги отстранувате емоциите од трошењето за да заштедите што е можно повеќе.

Се разбира, ова правило функционира само ако се придржувате и чекате цели 30 дена. Иако честопати мислиме дека треба да имаме комплексен повеќеслоен план за инвестиции за да успееме да заштедиме, понекогаш е потребно само да ја ограничиме сопствената потрошувачка.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот