X
 23.06.2025 Живот

Тука слетуваат авиони? Пистата на работ на овој остров е долга само 400 метри

Слетувањето на островот Саба од островската група Мали Антили не е лесно. Ова островче од 13 квадратни километри во Карипското Море се гордее со еден од највисоките врвови во Холандија - Маунт Синери, вулкан кој се издига на 887 метри - но исто така и еден од најмалите аеродроми во светот.

Аеродромот „Хуанчо Е. Ираускин“ се наоѓа на североисток од Саба и е изграден во 60-тите години на минатиот век. Има само една писта, која е долга само 400 метри, и поради оваа причина на големите авиони им е забрането да слетуваат тука.

Иако помалите авиони и хеликоптери најчесто се гледаат тука, само најискусните пилоти можат да слетуваат на Саба при ветровито време.

„Винвард ајленд ервејс интернешнал“ е единствената авиокомпанија што нуди редовни летови од овој карипски остров, кој се наоѓа на 15 минути од Свети Мартин.

Погледнете како изгледа слетувањето на Саба во видеото на „Јутјуб“.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот