X
 23.06.2025 Образование

Вредностите на УКЛО КОЛОРС низ спортот

Поврзувањето и обединувањето студенти од различни единици на УКЛО и од различни студиски програми на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се остварува на различни начини. 

Неформалните активности се впечатлив и силен пример дека академската средина, меѓу другото, е простор за личен развој, здрав начин на живот, телесно и ментално здравје, вредности кои се во сржта и на Алијансата КОЛОРС, чија горда членка УКЛО е веќе втора година.

Во тој дух, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, одржа прием на студенти спортисти на кои им се доделени титули – амбасадори на УКЛО. Настанот се одржа по високиот пласман на студенти од УКЛО на Државното универзитетско првенство во пинг-понг 2025 и успешно завршениот УКЛО ОПЕН КОЛОРС 2025 – Универзитетски турнир во тенис. Признанието го понесоа Даниел Зхоу Главевски, кој по вторпат е државен шампион во машка конкуренција на Државното универзитетско првенство во пинг-понг, и Антонио Вељановски, кој го освои третото место.

Меѓу носителите на титулата се и студените: Игор Пејчиновски, Божидар Георгиевски и Душица Ристова првопласирани на УКЛО ОПЕН КОЛОРС 2025. Тие беа во друштво со професорите Викторија Стојковски и Младен Караџоски, кои потенцираат дека особено радува фактот што и во двете категории женската популација, полека но сигурно го зазема своето место на победничкиот пиедестал, а турнирот истовремено ја потврдува улогата на Универзитетот како заедница што промовира здрав начин на живот, телесно и ментално здравје.

1

Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, ја истакна важноста на спортот и рекреацијата во студентскиот живот, посочувајќи дека студентите спортисти и рекреативци се вистински амбасадори на Универзитетот, а УКЛО се промовира како институција каде што освен европско образование, се добива и нешто повеќе: покрај стекнување вештини, УКЛО е место за спортско-рекреативни активности, културни случувања, дружења и забава, нешта кои може да бидат привлечни за матурантите - поради квалитетот на наставата и богатиот студентски живот.

На средбата што се одржа во Ректоратот, на 19 јуни 2025 г., присуствуваше и генералниот секретар м-р Теодора Михајловска, академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска и спортскиот работник Петар Чакулевски, коорганизатор на УКЛО ОПЕН КОЛОРС 2025, кој во изминатите три години колку што се одржува турнирот обезбедува и комплетна техничка поддршка за овој сѐ поквалитетен настан.

На настанот разменети се идеи за наредниот период и произлезе иницијатива – УКЛО како членка на Алијансата КОЛОРС да предложи формирање на мини КОЛОРС лига, со свој буџет и учество на деветте партнерски универзитети.

Како што е познато, УКЛО во континуитет организира активности кои афирмираат спорт и рекреација за да се поттикнува социјализација, инклузија, дисциплина, личен развој, подобро менталното здравје и благосостојба, кои се воедно и вредности на КОЛОРС Алијансата.

3

На средбата, ректорот Неделковски истакна: - Денеска имаме чест и задоволство во Ректоратот да ги примиме нашите студенти кои се и докажани спортисти, нашиот пингпонгарски тим, да поразговараме, да им оддадеме признание и да ги стимулираме и понатаму да бидат активни со своите врвни спортски достигнувања. Можноста е споена заедно со оддавање признание и за учесниците рекреативци на УКЛО ОПЕН КОЛОРС 2025, кои не се пласирани на национален натпревар, тоа се студенти и вработени кои учествуваат рекреативно и сакаме од сите нив да добиеме идеи како во иднина да организираме и рекреативни и натпреварувачки настани на УКЛО.

За доделувањето титула - амбасадори на УКЛО, ректорот Неделковски истакна: - Признанието амбасадор на УКЛО значи дека во нивното секојдневно работење ќе го промовираат УКЛО, не само како место каде што се добива европско образование, туку како институција на која студирањето е многу повеќе од образование, туку и добивање други вештини, тука се и спортско-рекреативните активности и на тој начин да ги привлечеме нашите матуранти да останат да студираат во местото каде што живеат и да привлечеме студенти однадвор - заради квалитетот на наставата, спортот, културата, забавата и други содржини. Во времето што следува, веќе се разгледуваат иницијативи и идеи УКЛО како членка на Алијансата КОЛОРС да го примени искуството од САД каде што универзитетските лиги се од национално значење, бидејќи спортот е нераскинлив дел од универзитетите. Ова се популаризира и во Европа, а УКЛО сака да биде лидер во регионот – учењето да го спојува и со врвниот и со рекреативниот спорт и затоа се планира и ќе се предложи во рамките на КОЛОРС да се формира мини КОЛОРС лига или друга форма, во која и другите партнерски универзитети по примерот на УКЛО ќе одржуваат спортски активности со вклучување на деветте универзитети од Алијансата, за што би се обезбедил и соодветен буџет. На средбата во Ректоратот присуствуваше и генералниот секретар м-р Теодора Михајловска и спортскиот работник Петар Чакулевски, коорганизатор на УКЛО ОПЕН КОЛОРС 2025, кој во изминатите три години колку што се одржува турнирот обезбедува и комплетна техничка поддршка за овој настан.

Како што е познато, УКЛО во континуитет организира активности кои афирмираат спорт и рекреација за да се поттикнува социјализација, инклузија, дисциплина, личен развој, подобро ментално здравје и благосостојба, кои се воедно и вредности на КОЛОРС алијансата.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование