X
 23.08.2020 Живот

4 децении брка невремиња. Погледнете ги неговите најдобри фотографии

Ерик Меола почнал да ги „брка“ бурите со неговата камера уште во далечната 1977 година, речиси случајно. Тој патувал заедно со Брус Спрингстин, фотографирајќи го пејачот за неговиот албум „Премис“. Додека снимал низ правливите патишта, небото се затемнило и се појавиле облаци, дожд, а потоа и грмотевици и громови. Меола не ја оставил камерата.

Во текот на наредните четири децении њујоршкиот фотограф се враќал на американските рамнини, заедно со други експерти за бура, за да ги документира моментите кога времето се претвора во нешто неверојатно.

- Идиличниот пејзаж се претвора во Армагедон за толку кратко време. Небото станува црно и се чини како да доаѓа крајот на светот - вели Ерик.

Дружбата со експертите за временските услови му донела знаење за јазикот на метеорологијата. Тој бил воодушевен од графиконите, математиката и податоците во посочувањето на појавата на гром или грмотевици.

- Зад бркањето невреме има многу наука, но и интуиција - објаснува тој.

Тој ги споделува неговите омилени фотографии од торнада, молњи, песочни бури и други природни појави.



Извор: Popphoto.com
Фото: Eric Meola
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот