X
 23.08.2021 Здравје

Оваа физичка карактеристика може да покаже дали вашиот мозок е здрав

Без разлика како го дефинирате успехот, важно е да се има здрав мозок за да се постигнат посакуваните цели. Како можете да проверите дали имате здрав мозок? Според неодамнешно истражување спроведено во Обединетото Кралство, една физичка карактеристика може да покаже дали мозокот е здрав или не.

Во рамките на истражувањето биле анализирани податоци од речиси половина милион лица на возраст од најмалку 40 години. Истражувачите од Универзитетот на Манчестер откриле дека лицата со посилен рачен стисок имаат поздрав мозок според повеќе фактори, од помнењето до фокусирањето.


Фото: Pixabay

Според истражувачите, цврстината на стисокот е добар индикатор за здравјето на мозокот и може да се искористи за да се откријат проблеми пред да се појават симптоми.

Дали тоа значи дека може да ја подобрите работата на мозокот со зајакнување на мускулите? Претходни истражувања покажале врска меѓу негувањето на мозокот и вежбањето со тегови, иако истражувачите посочуваат дека се потребни повеќе истражувања за да се заклучи оваа врска.

Извор: Inc
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје