X
 08.02.2018 Култура

Буковски: „Ноќта кога умирав“


Човек стои помеѓу вагони сред ноќ
(Фото: Pixabay)


Ноќта кога умирав
Се потев во постелата
И ги слушав штурците
А надвор се бореа бели мачки
И можев да ја почувствувам својата душа како тоне
Низ душекот


И во моментот пред да тресне на подот јас скокнав
Бев речиси преслаб да одам
Но одев наоколу и ги вклучив сите светилки
А потоа се вратив во постелата


И пак мојата душа тонеше во постелата
И јас скокнав


Во моментот пред да тресне на подот
Се движев наоколу и ги запалив сите светилки
И  потоа се вратив во постелата
И таа повторно тонеше и
Јас бев повторно на нозе
Вклучувајќи ги сите светилки


Имав ќеркичка од 7 години
И чувствував дека таа сигурно не сака да бидам мртов
Инаку би било
Сеедно


Но цела таа ноќ
Никој не телефонираше
Никој не намина со пиво
Мојата љубовница не се јави
Сè што можев да чујам беа штурците и беше
Жешко
А јас упорно работев на тоа
Станував и легнував
Додека првото сонце не влезе низ прозорецот
Низ грмушките


И тогаш се вратив во постелата
И душата конечно
Остана внатре и
Јас заспав


Сега луѓето наминуваат
чукајќи на вратата и прозорците –
телефонот ѕвони пак и пак
добивам прекрасни писма по пошта
писма на омраза и писма за љубов.
И пак сè е исто.


Чарлс Буковски
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура