X
 23.09.2022 Живот

Американските стопански комори обединети за подобрување на регионалното бизнис-опкружување

Американските стопански комори на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и на Србија одржаа работна средба за време на Конференцијата за паметни градови во Тирана и се согласија за понатамошно зајакнување на економската соработка и промовирање на можностите за развој.

Американските стопански комори се заложија да продолжат да работат заедно за создавање подобра деловна и инвестициска клима, отстранување на трговските пречки и поттикнување на слободното движење на капиталот, луѓето, стоките и услугите.

Американските стопански комори се обврзуваат да ја унапредат својата соработка и да ги детектираат неискористените можности што би произлегле од зајакнувањето на нивните меѓусебни врски.

Соочени со многубројни предизвици, вклучувајќи ги енергетската безбедност, недостигот на човечки капитал, нарушувањето во синџирите на снабдување, трговските бариери, сајбер-безбедноста и климатските прашања, Американските стопански комори ги повикуваат регионалните лидери да ги забрзаат реформите и соработката во насока на усогласување на своите државни економии со правилата на Европската Унија, нејзините дигитални и зелени агенди, како и за унапредување на односите со Соединетите Американски Држави.




За АмЧам Северна Македонија

Американската стопанска комора во Северна Македонија е бизнис-асоцијација која претставува 130 компании со различна големина, од речиси сите економски сектори, пренесувајќи го нивниот глас за одржлива, предвидлива и конкурентна бизнис-средина. АмЧам Северна Македонија е акредитиран член на Американската стопанска комора и дел од мрежата на 46 американски стопански комори во Европа.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот