X
 23.10.2021 Живот

Град на Сицилија ги забранува кумовите на крштевките

Во италијанскиот град Катанија, кој се наоѓа на островот Сицилија, се забранети кумовите на крштевките. Црквата во овој град донесе тригодишна забрана на старата традиција за именување кумови на крштевките.

Од црквата велат дека некогаш главната улога во католичкото образование на детето - кумот, го има изгубено целото спиритуално значење. Наместо тоа, традицијата станала можност за семејствата кои сакаат да ги зголемат финансиите и да се поврзат со луѓе од корист. Често моќниците во градот се кумови на десетици деца.

Според црквата, кумството се појавило како секуларен обичај помеѓу роднините и соседите, а сега било само метод за зајакнување на семејните врски, а понекогаш и на врските со мафијата. Понекогаш позицијата се користи и за уцена и лихварство.

Извор: Independent
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот