X
 21.04.2023 Живот

Кои земји имаат најмногу локации заштитени од УНЕСКО?

Една европска земја може да се пофали со титулата „земја со најмногу локации кои се светско наследство според УНЕСКО“, а тоа е Италија. Оваа држава има 58 дестинации кои се на листата со светски наследства на УНЕСКО.

Списокот за светско наследство на УНЕСКО има цел да ги охрабри препознавањето, заштитата и зачувувањето на културното и природно наследство низ светот поради неговата голема вредност за човештвото. На листата се наоѓаат секакви места, од пирамидите во Египет до Големиот корален гребен во Австралија.

По Италија, Кина има најмногу места на листата - 56. Следуваат Германија со 51, Шпанија и Франција со 49 и Индија со 40. На листата има вкупно 1.155 места во 167 држави.

Извор: Travel tomorrow
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот