X
 23.10.2025 Живот

Ова се најобразованите народи во светот

Повисокото ниво на образование во едно општество обично укажува на поголем потенцијал за иновативност и економски раст, но тоа не е секогаш правило.

Во оваа визуализација образовното постигнување по земји е прикажано во три категории:

пониско од средно образование,
средно образование или диплома,
факултет или универзитетска диплома.

Податоци и анализа


Овие податоци потекнуваат од извештајот „Еџукејшн ет а гленс 2025“ на ОЕЦД, кој ги споредува образовните нивоа на возрасното работно население во 45 земји заклучно со 2024 година.

obrazovanie
Фото: Visual Capitalist

Земји со највисоко образование

На врвот на листата е Канада, каде што речиси 65 отсто од возрасните лица имаат факултетска или универзитетска диплома. Веднаш зад неа се Ирска и Јужна Кореја.

Овие држави значително вложиле во проширување на пристапот до високо образование, поттикнати од економии засновани на знаење, кои ги наградуваат стручноста и квалификациите.

Според други податоци од ОЕЦД, високото образование носи значителни финансиски предности. На пример, низ земјите членки на ОЕЦД лицата со високо образование заработуваат двојно повеќе од оние што немаат завршено средно училиште.

Балансирани образовни модели во Европа

Австрија и Германија имаат порамномерна распределба меѓу високото и стручното образование - системи кои се фокусираат на практични знаења за конкретни професии.

На пример, Германија е 19. во светот по БДП по жител, иако само 34 отсто од возрасното население имаат универзитетска диплома.

Причината за тоа е моќниот систем на пракса, во кој учениците ја комбинираат практичната работа со теоретска настава, што резултира со висока вработеност по завршувањето на обуката.

Извор: Visual Capitalist 
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот