X
 07.07.2023 Образование

Зошто да се избере Економскиот факултет во Прилеп - препорака од студентите за идните студенти

Економскиот факултет - Прилеп, единица на УКЛО, упати порака до матурантите да ја продолжат едукацијата на оваа институција, која обединува традиција, квалитет и препознатливи студиски програми. Оттаму посочуваат дека со студирање на Економскиот факултет - Прилеп младите луѓе имаат шанси да прераснат во движечка сила на сите општествени промени во државата.

Но, зошто да се одбере токму Економскиот факултет во Прилеп, од многу економски факултети во државата? Деканката, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, нагласува дека Факултетот ефикасно се приспособува на условите и барањата на новото време успешно реализирајќи ги реформите во образовниот процес.

Основна мисија на нашиот факултет е да создава професионален кадар кој ќе може ефикасно да се вклучи во економските и општествените текови на државата и да придонесе за нејзиниот развој. Наставно-образовниот систем што се реализира во нашата институција ги следи современите трендови во едукацијата и развојот на науката во земјата и странство, односно секогаш се грижи да биде во функција на студентите, бизнис-секторот и општествената заедница. Факултетот располага со одлични инфраструктурни и технички капацитети, односно со 5 амфитеатри, 15 училници, компјутерски центри и најсовремени технички средства што целосно ги исполнуваат предвидените нормативи и стандарди за вршење високообразовна дејност. Економскиот факултет во Прилеп традиционално остварува одлична соработка со бизнис-секторот. Ваквата соработка е особено значајна во контекст на стекнување емпириски знаења и искуства на студентите, од една страна, и трансфер на теоретските знаења во практиката, од друга страна. Таа се реализира преку повеќе форми кои опфаќаат: стручни предавања на истакнати стручњаци од практиката со долгогодишно работно искуство, кои на студентите им пренесуваат добри деловни практики и искуства, организирање практична работа на студентите, понуда на консултантски и експертски услуги на компаниите, реализација на заеднички научноистражувачки проекти и сл.

Понатаму, за академскиот подмладок на Економскиот факултет редовно обезбедува финансиска поддршка од компании со кои Економскиот факултет има воспоставено долгогодишна соработка и традиционално негува добри односи. Во тој контекст, за академската 2023/24 година се обезбедени 20 стипендии, секоја во вредност од 200 (двесте) евра во денарска противвредност според средниот курс на еврото објавен од НБРМ на денот на исплатата, од бизнис-заедницата за упис во прва година на прв циклус студии за најдобрите ученици и за учениците од социјално-ранливите категории.

Најверодостојна потврда на реченото секогаш се студентите. Еве што тие кажаа за Економскиот факултет во Прилеп и зошто го препорачаа за сигурен избор за сите матуранти кои ги сакаат економските науки, ја сакаат поврзаноста со бизнисот и финансиите:

1

Економскиот факултет во Прилеп нуди стручни предмети кои ни помагаат да ги усовршуваме нашите вештини, да станеме конкурентни на пазарот на трудот и да основаме сопствени бизниси кои ќе ја зајакнат нашата економија. Вештините и знаењата ги стекнуваме и преку организирање различни работилници со истакнати претставници од бизнис-секторот, како и преку членување и учествување во активностите што ги организира Факултетското студентско собрание.
- Валентин Димитриоски
Генерација 2021/22

2

Нашиот факултет е високообразовна институција која нуди современи и квалитетни студиски програми. Иако претходно немав никакво познавање од областа економија, сега можам со гордост да кажам дека се стекнав со големо знаење и вештини благодарение на извонредните професори. Факултетот и Факултетското студентско собрание ми овозможија учество во дополнителни активности надвор од редовната настава, каде што се соочив со предизвици кои ми овозможија да се надградам како личност.
- Христина Стомнароска
Генерација 2019/20

2

За мене сѐ што учиме тука е ново, а концептот на учење е многу напреден и усовршен. Самата настава е доволно динамична за да го задржи интересот и на напредните студенти, но е изведена на таков начин што дури и тие што никогаш претходно не се сретнале со економија можат успешно да ја следат. Знаењето стекнато тука ми дава шанса да станам успешна во областа на економијата, способна да се носам со сите предизвици, а членството во студентските организации значително го проширува мојот поглед кон светот.
- Маја Новакоска
Генерација 2021/22

3

Економски факултет во Прилеп е институција во која ќе се надградите со многу знаења кои ќе ви помогнат да бидете успешни. Факултетот нуди голем број поволности. Меѓу нив е членување во студентски организации, како и ERASMUS+програмата. Јас сум студент во трета година и се стекнав со многу знаење и вештини од областа на финансиите и банкарството, за што е заслужен квалитетниот и посветен факултетски наставен кадар.
- Мелита Петревска
Генерација 2020/21

kristina

Веќе четири години се здобивам со применливо знаење и вештини од областа на сметководството и ревизијата, но сепак за мене тоа не е најважно. Имено, бев скептична да говорам пред поголема група на луѓе и како и секој нов во некоја област, се плашев од исмевање. Но, начинот на реализација на настава на некои од професорите и нивниот поттик да станам и да говорам пред поголем број слушатели ми помогна да го надминам стравот од јавен настап, како и да се кандидирам за претседател на Факултетското студентско собрание, која функција успешно ја извршувам од октомври 2022 година.
- Кристина Димитриеска
Генерација 2019/20

Сите информации поврзани со студирањето на Економскиот факултет матурантите можат да ги добијат ТУКА, како и на фејсбук-страницата на Факултетот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование