X
 23.12.2018 Култура

Сашко Коцев ќе биде Боби, другарот на Биби

Актерот Сашко Коцев му се придружи на тимот на „Светот на Биби“. Тој ќе го толкува ликот на Боби, најдобриот другар на Биби. Верната публика на Биби ќе може да се дружи со Боби во новогодишната сказна „Биби и Дедо Мраз од планетата Заз“, чија премиера ќе биде на 30 декември на јутјуб-каналот Биби/Bibi во 19 часот. Во оваа сказна Сашко го толкува и ликот на Дедо Мраз.


Коцев е еден од водечките актери во Македонскиот народен театар. Тој нагласува дека и покрај искуството на телевизија, театар, филм, детската публика е нов предизвик за него.

- Се радувам што сум дел од авантурата на Биби. Проектот го следам од почетокот и се одушевувам што конечно се создаде нешто корисно за нашите деца. Среќен сум што тимот на Факултети.мк и Деца.мк ме покани да го играм ликот на Боби и ветувам дека заедно со Биби ќе им станеме најдобри другари на децата - вели Коцев.


Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура