X
 15.10.2019 Култура

Речиси еден милион прегледи на „Азбуката на Биби“ за една година

Пред точно една година ви ја подаривме првата видеосодржина од „Светот на Биби“. „Азбуката на Биби“ беше првата содржина на јутјуб-каналот на Биби, која сѐ уште е најгледана. За една година снимивме многу видеа, раскажавме многу приказни, но создадовме и производи што се омилени во вашиот дом.

Многу дечиња ја научија низ игра и песна македонската азбука благодарение на „Азбуката на Биби“. Секое дете си има по една или повеќе омилени букви. По „Азбуката на Биби“ создадовме десет сказни во кои Биби, Боби и миленичето Зази ги учат децата да бидат добри, да ги почитуваат другите, да помагаат, да не се караат.

За една година допревме до 17.300 следбеници. Тимот на „Светот на Биби“ ви ветува дека ќе следуваат уште многу изненадувања и часови поминати во забава и учење.

Дополнително, во сабота на 19.10.2019, со почеток од 18:00 часот, на платото пред новото катче „Бибиверзум“ во Градскиот трговски центар (прв кат, веднаш до ресторанот „Џино“) се подготвува забава. Поканети се сите дечиња и родители.

Линк до настанот  https://www.facebook.com/events/404339066893608/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура