X
 24.01.2017 Технологија

„Џимејл“ нуди нешто што другите мејлови го немаат

Како што не е важно дали има голема и мала буква во меилот, така и точката не е важна на платформата „Џимејл“, освен што со неа е попрегледно вашето име и вашето презиме.

Имено ако вашиот меил е petar.petrovski@gmail, а некој испрати меил без точката (petarpetrovski@gmail), тогаш вие ќе го добиете меилот.

Платформата „Џимејл“ одлучи да ја игнорира точката во меиловите на своите корисници, а ова правило важи со години, меѓутоа голем дел од корисниците не знаат за тоа.

Како што објаснува гугл хелп-форумот, сеедно е дали има една точка, неколку точки или се` е споено. Како пример се дадени меиловите johnsmith@gmail.com, jo.hn.smith@gmail.com, john.smith@gmail.com. Сите овие претставуваат еден меил на кој ќе пристигнува поштата.

Некои други платформи како што се „Мајкрософт аутлук“, „Јаху мејл“, „Епл ајклауд“, точката е важна и со неа се разликува меилот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија