X
 24.01.2019 Живот

Сега можете да си изнајмите инстаграм-момче

Патувањето носи многу позитивни работи: шанса да се опуштите, да научите за нови култури и, секако, многу фотографии што можете да ги постирате на „Инстаграм“.

Всушност, 40,1 отсто од милениумците сметаат дека можноста за поставување фотографии на „Инстаграм“ е важен фактор при разгледување дестинации за одмор. Впрочем, ако не објавите ништо на „Инстаграм“, не се смета дека сте биле некаде.

Но, проблемот е што одличните фотографии од себеси на вашите патувања бараат личност што ќе биде одличен фотограф - феноменот на „инстаграм-момче“ е доста реален, но што ако сте слободни? Или што ако патувате со вашите родители? Или, едноставно имате момче кое прави лоши фотографии? Вистинска борба за многумина.

момче
Фото: Shutterstock


За среќа, Рим размислил за овие нешта, па така во овој град сега можете да изнајмите инстаграм-момче на еден ден. Туристичка компанија нуди нов пакет со кој на патниците им се овозможуваат професионални фотографери за да ги следат низ главниот италијански град, правејќи прекрасни фотографии за „Инстаграм“. Компанијата нуди и тури: основната тура чини 735 евра, а за инстаграм-момче се доплаќаат 30 евра. Момчето го добивате на три часа.

- Знаеме дека социјалните медиуми станаа влијателен фактор за патниците. Луѓето денес го доживуваат светот низ својата камера и преку фотографии, што не е нужно лоша работа. На крајот на краиштата, како што вели старата поговорка: Сликата кажува илјада зборови - вели Дејвид Болонези, маркетинг-менаџер во компанијата.

- За нас е важно да бидеме во чекор со желбите на патниците, кои постојано се менуваат - додава тој.

Оваа компанија не е единствена што профитира од желбите на патниците за документирање на нивните патувања на социјалните медиуми. Компанијата „Шут мај травел“ ги обезбедува инфлуенсерите со професионални фотосесии од прекрасни локации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот