X
 24.01.2022 Забава

Водич за домаќинки од 50-тите: Тројца мажи ги следеле упатствата, но не издржале ни седум дена

Некогаш главната цел на женските списанија била да ги советуваат жените како да бидат совршени сопруги, мајки и готвачки за своето семејство.

За време на војната, мажот ги напуштал домот, а жената била таа што ја чувала куќата. Во повоениот период мажите оделе на работа, додека жените повторно останувале дома за да се грижат за децата, домашните работи, подготовката на оброците, пазарувањето и во многу случаи планирањето на финансиите.

Како изгледало секојдневието на една домаќинка од 50-тите години?


Секојдневната нега на кожата, вклучувајќи хидратантен крем за лице и крем за раце, била дел од навиките на многу домаќинки. Потоа следувале готвење и чистење, поради што морале да стануваат рано наутро.

На интернет кружи детален водич за чистење на домот, по примерот на жените од 50-тите години.

Само површен поглед на водичот кажува дека домаќинките во 50-тите години имале напорна работа со полно работно време. Еве ја комплетната дневна листа:

1. Тргнете ги прекривачите од креветот.

2. Отворете ги ролетните и прозорците.

3. Пригответе појадок.

4. По појадокот средете ги кујната и трпезаријата.

5. Земете корпа за чистење. Додека ја чистите куќата, земете ги предметите што не припаѓаат на таа просторија и ставете ги во корпата.

6. Кога ќе влезете во нова просторија, ставете ги на место предметите од корпата што припаѓаат на таа просторија.

7. Соберете го нередот, избришете прашина, средете ги перниците и навадете ги растенијата.

8. Средете ги креветите.

9. Средете ја спалната соба, вклучително и бришење прашина.

10. Средете ја целата облека што не е на своето место, а валканите алишта ставете ги во корпата.

11. Исчистете ја бањата, вклучително отстранување и замена на искористените крпи, ставете тоалетна хартија и сапун (доколку е потребно) и исчистете ја површината на мијалникот, вклучувајќи го и садот за сапун.

12. Избришете ги работните површини во кујната и внатрешноста на фрижидерот и фрлете ја старата храна.

13. Прегледајте го менито за тековниот и следниот ден и споредете го со она што е моментално достапно дома. Доколку е потребно, одете во продавница за да купите намирници што недостигаат.

14. Почнете да се подготвувате за ручек - приготвување десерт.

15. Чистење на кујната, бришење површини, чистење крпи, фрлање ѓубре...

domakinka
Фото: Freepik

16. Изметете го и избришете го подот во кујната.

17. Вршење воннаставни активности (како што се волонтирање, одење во пошта, водење книговодство, испраќање пошта итн.).

18. Кога ќе се вратите од продавница, измијте го, завиткајте го и складирајте го зеленчукот. Другите намирници ставете ги на место.

19. Јадете нешто набрзина.

20. Почнете да приготвувате храна за вечера (приготвување на храната, одмрзнување...)

21. Направете една од неделните задачи (повеќе за тоа подоцна!)

22. Поставете ја масата за вечера.

23. Средете ја дневната соба за вечерно уживање (на масата ставете весници и пури за господинот).

24. Брзо исчистете ги подовите.

25. Подгответе ја вечерата до крај.

26. Освежете се пред вашиот сопруг да се врати од работа. Размислете за промена во нешто поформално ако дневниот фустан е обичен.

27. Поставете послужавник со опрема за правење коктели ако господинот сака да се напие пијалак пред вечера.

28. Весело поздравете го сопругот.

29. Послужете ја вечерата.

30. Исчистете ја масата и измијте ги садовите.

31. Истурете вода што врие во мијалникот за да бидете сигурни дека цевките се чисти.

32. Спакувајте го ручекот на вашиот сопруг за следниот ден. Тргнете нешто за себе, ако остане од вечерата.

33. Поставете ја масата за појадок за следниот ден.

34. Погрижете се храната за појадок да биде достапна и направете ги сите подготовки за тоа однапред.

35. Уживајте во вечерта.

Неделни задачи

Покрај овие секојдневни обврски, секако има и обврски што жените ги извршувале на неделна и месечна основа. Секој ден во неделата бил резервиран за една специфична „поголема“ работа, која обично вклучува темелно чистење на една просторија, на пример, миење и дезинфекција на корпи за отпадоци, кутии за леб итн. Дополнително, перењето алишта се правело најмалку двапати неделно (вклучувајќи постелнина), а подовите се чистеле според сличен распоред.

Некаде во средината на денот ѝ се препорачувало на жената да отспие половина час. Не за да се одмори од напорната работа, се разбира, туку да изгледа свежо кога нејзиниот сопруг ќе се врати од работа.

Не го издржале темпото

Како експеримент, тројца модерни мажи одлучиле да ги следат овие рутини седум дена, а потоа ги споделиле своите мисли.

Некои од мажите не сфатиле колку чистење е потребно за одржување уредно домаќинство. Другиот се згрозил што секое утро морал да станува пред изгрејсонце. Третиот едноставно престанал да приготвува појадок за својата партнерка во средината на неделата бидејќи немал време - нешто што повеќето домаќинки од педесеттите никогаш не би го направиле.



Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава