X
 26.04.2017 Култура

Водич - Како да го купите совршениот костум?

Американскиот автор и човек со стил Геј Тализ рекол „облекувањето на прекрасно дизајниран костум ми го подигнуваат духот, чувството за себе и ми помагаат во дефинирањето на себеси како човек на кого му се важни деталите“.

костум
Фото: Getty Images

Со овие зборови на ум, ви го нудиме водичот за купување на одличен костум. Бидејќи, еден уште поплоден писател од Тализ изјавил: „Добро скроениот костум за жените е исто што и долната облека за мажите“.

Еве што треба да знаете за тоа како да го купите совршениот костум за вас.

1 чекор: Костумите кои треба да ги имате во вашиот плакар

Морнарско син

1
Фото: Getty Images

Морнарско синиот костум е најдобриот избор за многу пригоди, па добро би било да инвестирате во него. Еден памучен за во лето и еден подебел за во зима - без разлика дали го носите со маица, кошула или класична комбинација на бела кошула со вратоврска, синиот костум секогаш ќе биде правилен избор.

Костум Стив Меквин од три дела

2
Фото: Getty Images

Костумот со три дела не е за секого, но костум со висок квалитет во сива боја за брзо време ќе ви стане една од најкорисните алатки во вашиот плакар. Одлична опција за свадби или формални прилики.

Црн Смокинг

4
Фото: Getty Images

Секој маж во неговиот плакар треба да има прекрасно изработен црн смокинг за најсвечени пригоди.

Костум во светла боја

6
Фото: Getty Images

Овој костум во бледа боја треба да го има секој маж, особено во текот на летото. Направете комбинација или со кошула или со обична маица под сакото.

Затворен костум со боја на јаглен

7
Фото: Getty Images

Костум кој можете да го носите со маица или вратоврска. Отвореноста на сакото ќе го освежи вашиот изглед. Совршен за сите оние кои имаат пошироки рамена и потенка половина.

2 чекор: Потребно е да ги познавате деталите

Реверите

Реверите на вашето сако се доста важни. Кога станува збор за ширината на реверите, треба да се одлучите за нешто помеѓу 8.5 до 10 сантиметри. Реверите кои се пошироки се подобри за костуми кои се повеќе отворени во градите. По правило, доколку носите вратоврска, таа треба да биде со иста ширина колку реверите.

8
Фото: Getty Images

Пантолоните

Пантолоните од костумот треба да лежат на вашиот колк или над него. Генерално, пантолоните треба да ја рефлектираат формата на вашата нога и не смеат да ве тргаат никаде. Треба да можете да се движите и да седите без материјалот да се тегни.

Телото


Должината на вашата јакна е од огромно значење. Јакната треба да има должина до вашите колкови и да ви даде добра форма. Постои малку простор за маневрирање.

9
Фото: Getty Images

Рамената


Постојат три главни видови на костум за рамена. Првиот е природно (неструктурирано) рамо. Направено со многу тенка подлога, овој вид е одличен за секојдневен, летен стил.

Вториот е структурирано рамо. Ги опфаќа сите класични деловни костуми.

Третиот вид на рамена е италијанскиот фаворит, кој на рамото ќе му даде помпадур изглед.

Трет чекор: Совети


Пронајдете кројач од доверба

Потребно е да најдете соодветен кројач кој ќе го запознае вашиот стил и ќе знае што вие сакате. Добриот кројач ќе го направи дури и најевтиниот костум да изгледа и повеќе од добро.

Откријте каков е обликот на вашето тело

Важно е да знаете што одговара најмногу на вашата форма и каква боја ви стои. Ако сте ниски тогаш треба да избегнете поотворен костум и костум со три дела бидејќи ќе направат да изгледате пократки и пошироки. Доколку сакате да ја скриете тежината тогаш треба да се одлучите за потемни нијанси и подебел материјал.

10
Фото: Getty Images

Фокусирајте се на материјалот


Не е само важно колку добро ви стои и ви одговара костумот - ако се одлучите за сјајна, евтина ткаенин, тогаш ќе изгледате така. Избегнете синтетичка облека затоа што ваквиот материјал нема да му дозволи на костумот да дише. Исто така, важно е да изберете соодветен материјал според сезоната. Лен, памук и мохер за во лето, а кашмир за во зима.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура